Македонската полиција уапси владин функционер

 

Владин функционер е уапсен  под сомение за примање поткуп, неофицијално дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, станува збор за еден вработен во владината Агенција за поддршка на земјоделието. Нeофицијалните информации до кои дојде Press24 говорат дека функционерот  се сомничи дека барал поткуп за да им исплати помош која согласно законот им следува на земјоделците. Од МВР за утре веќе најавија прес конференција на која ќе дадат повеќе информации за случај со примање поткуп, но не откриваат дали станува збор за истиот случај.
Претходно полицијата документираше уште ден случај со злоупотреба на средства во земјоделието. Во акцијата „Тера“ паднаа 7 лица меѓу кои и инспектор во Министерството за земјоделство под сомнение за злоупотреба на субвенциите за јагниња

15.04.2014 - 23:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега