ВИДЕО: Таткото 12 мајката и синот 20 години затвор - обвинетите во Керозин ја слушнаа пресудата

 

Деведесетина  години за 16те бвинети во случајот Керозин, пресуди денеска скопскиот Кривичен Суд.  Првиобвинетиот Анегл Пецов  викан Ѓаволот доби 12 години затвор, а неговата сопруга Мариче една година помалку. Нивниот син љупчо во затвор ќе лежи 9 години. 7,5 години затвор доби и еден од возачите на цистернаите, а останатите имаат пониски казни мѓеу3,5 и 6 години.

Злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, фалсификување на исправа, перење на пари и други приноси од казниво дело, даночно затајување, и давање и примање поткуп се делата кои судот им ги стави на товар на обвинтите.

Полицијата ги уапси пред повеќе од една година во случајот Керозин, откако дојде до информации дека обвинетите испорачувале нафта на јавни институтции, училишта и градинки при тоа правејќи малверзации со бројаќите, односно, испорачувале помала а наплаќале поголема количина на нафта.

 

 

16.04.2014 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега