„Пониква“ под снежна покривка - снег навеа и до 15 сантиметри

Пониква денеска беше покриена со снег длабок од 10 до 15 сантиметри. Снежните врнежи се случија после полноќ, но и во текот на денот. Патот до ски-центарот е планирано службите да го исчистат дури во четврток претпладне, пренесува телевизија канал 8. 

Временските услвои предизвикаа одрони на патот од Истибања до Каиманската брана како и од рибникот до село Лаки и „Обозна“. Засега службите велат дека сообраќајот се одвива без застој и ограничувања. 

На границата со Бугарија, снежната покривка на магистралата достигнала и до 20 сантиметри. 

Од кочанската секција на Македонија пат велат дека временските услови не ги дочекале неподготвени. Сол и песок имале во доволни количини.

Уште поголемо изненадување предизвикаа врнежите од снег во градот. На вчудоневиденост на минувачите, големи снегулки паѓаа во попладневните часови, но снегот не се задржуваше по коловозите и тротоарите. Живата во термометарот се спушти до 4 степен.

 

 

 

16.04.2014 - 20:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега