Ресен завиен во црно - откажани се сите манифестации

Велигденскиот Хепенинг 2014 година кој беше предвиден да се одржи на 17.04.2014 ( четврток) , заради трагедијата која се случи вчера во која во сообраќајна несреќа загинаа мајка и ќерка од нашата општина, нема да се одржи, соопштија од локалната самоуправа.

- Оваа одлука беше донесена денеска на работниот состанок меѓу Градоначалникот на Општина Ресен и Директорите на Основните Училишта и Директорот на Домот на Култура на кој беше заклучено дека во моменти на тага и колкетивна жалост нема фундаментални услови за да може да се реализира манифестацијата Велигденски Хепенинг, се вели во текстот.

Општина Ресен воедно изразува сочуство до семејството.

Истовремено кафе баровите во Ресен денес ја исклучија музиката, а најверојатно ќе бидат откажани сите предвелигденски забави најавени за утре.

16.04.2014 - 20:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега