Пендаровски: Изборите треба да се бојкотираат
„Мојата лична одлука, односно ако ме прашувате мене, е дека изборите треба да се бојкотираат, но знаете оти јас не ја носам крајната одлука за тоа.“ - ова според извори на Дневник го кажал кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски при вчерашните средби со граѓани и членови на партијата, пишува Дневник.
Пендаровски, како што пишува Дневник на средбите со граѓаните велел дека изборите на 13 април за него се нелегитимни и нереални и дека изборниот резултат е фалсификат. Истиот став СДСМ константно го соопштува после секој изборен пораз во изминатите години. Тоа, како што пишува Дневник, раководството на СДСМ го користи како оправдување пред членството кое жестоко реагирало на лошите изборни резултати.
„Опозиционерите официјално стојат на ставот дека владејачката партија „ги наместила изборите“ бидејќи, според нив, разликата од 120 илјади гласа е невозможна во моменти кога, според нив самите, СДСМ на терен имал значителна поддршка. Пендаровски во текот на вчерашниот ден не одговори на прашањето за евентуален бојкот и за различните ставови со претседателот на партијата за истото прашање. Спротивно на неговите изјави на терен, лидерот Зоран Заев од партиското седиште уверуваше дека партијата овој пат ќе остане докрај во изборниот процес. Тој изјави дека не верува во бојкот ниту, пак, како што рече, имаат намера да го бојкотираат вториот круг од претседателските и од парламентарните избори.“ - пишува Дневник.
Весникот анализира дека освен катастрофата на изборите, можноста за бојкот ја подгрева и намалениот интензитет на рекламните камапњи, слабите митинзи и намалената активност на социјалните мрежи
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа