Кочан ладно среде пролет - еве какво ќе биде времето денеска

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со помалку врнежи, кои претежно ќе бидат во источните делови, како и со услови за дожд во некои западни подрачја.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе е спушти до нула, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Утре ќе има повторно зголемување на врнежите од дожд. Снег ќе има само на високите планини. Утринските температури во овој период ќе се задржат од нула до пет степени, а дневните ќе бидат во благо покачување. Во недела до 19 степени.

 

17.04.2014 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега