Бирај што сакаш да ти искршам носот или прстот- вака Музичко и се заканувал на Владисава пред убиството

Пред основниот суд во Нови Сад, започна уште едно судење на Даријан Музичко поради сомнение дека ја претепал и злоупотребувал Владислава Червенко во јули 2011 година, една година пред тој да ја убие во неговиот стан.

Во обвинението се вели дека е Музичко на 15 јули, 2011 во попладневните часови, на улицата Душан Даниловиќ прво и се  заканувал на Владислава, а потоа ја претепал  како што беше потврдено од страна на лекарскиот извештај за Клиничкиот центар на Војводина.

"Што правеше синоќа, направи кретен од мене, бирај што сакаш да ти скршам носот или прст. Носот веќе ти го имам скршено па знаеш како е- ќе има малку крв,  а може би било подобро доколку ти го скршам малиот прст на левата рака бидејќи не го користиш па ќе биде малку отечен и потоа може да ти биде малку искривен.

Како што стои во соопштението за обвинение на Музичко ова се зборовите со кој тој и се обратил кога ја сретнл на улица Владисава пред да ја убие. 

18.04.2014 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега