Се отвори Аца Лукас- еве од што тој најмногу се плаши

 

Познатиот српски пејач Аца Лукас откри зошто девојките не му нуделе секс, а кога станува збор за воспитување на неговите деца најмногу се плаши од тоа тие да бидат хомосексуалци.

" Човек прави грешки додека е жив, јас правев грешки повеќе пати , но повеќе грешев приватно отколку во кариерата. Се сметам себеси за паметен и интелигентен човек, и грешките никогаш не ги повторувам изјави Аца Лукас за српски Ало.

Тој вели дека без оглед што и да направи смета дека е добар човек и поради тоа не му пропаднала кариерата.

Слушнав дека на моите колеги често пати девојки им нудат секс, мене никогаш до сега ми нема ниту една девојка понудено секс, можеби затоа што не сум убав како моите колеги вели Аца Лукас.

 

Лукас има четири деца ќерките  Миланија и Викторија и синовите Лазар и Андреја од бракот со Соња.

"Само сакам децата да ми бидат среќни, што и да одлучат да работат ќе им дозволам, а како татко се плашам кога станува збор за нивната иднина. Сите вие знаете што е најлошо. Тоа да не бидат хомосексуалци, додава пејачот и открива дека Викторија иако е се уште мала обожава да пее.

18.04.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега