"Нека Бог не чува и нека ни помогне во сите искушенија" - Груевски го честита Велигден

Премиерот Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, до Синодот и на сите православни верници од Македонија и во дијаспората, по повод големиот христијански празник - Велигден.

- Овој прекрасен ден е темелот на нашата вера, нашето постоење и нашата иднина. Денес го празнуваме чинот кога нашиот Бог ни даде можност на нас луѓето да сведочиме за неговите чуда, да учиме од неговата благост и да го следиме по неговиот пат. Велигден е празник и на семејството, на човечноста и на солидарноста, празник кој зближува и носи порака на заедништво, мир и разбирање. Ваквите вредности се темелот на развојот во било кое поле и во секоја област. Меѓусебното разбирање и почитта е енергијата, која отвора можности и дава шанса за напредок. Нека Бог не чува и нека ни помогне во сите наши искушенија. Нека го зацврсти единството и нашата верба, нека ја умножи љубовта и радоста помеѓу луѓето, нека дари рожби и повеќе деца во нашите семејства, нека ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои се развива македонското општество. Нека е за многу години големиот христијански празник, стои во честитката од премиерот Груевски.

19.04.2014 - 12:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега