Важна информација за учесниците во наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“

Државна лотарија на Македонија како организатор на Наградната игра Фискална во рака – награда без мака, ги известува заинтересираните учесници дека во пресрет на 5тото извлекување кое ќе се реализира на 28ми април 2014та година, покрај испраќањето по Пошта со наменската поштенска марка по цена од 8 денари која може да ја добијат во сите експозитури низ РМ, учесниците во наградната игра може да ги оставаат своите адресирани коверти со фискални сметки и лични податоци на специјално одредените пунктови од кои еден е во зградата на МРТ, при седиштето на Државна лотарија на Македонија, а другите се на различни локации пред уплатно- исплатни места за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, обележани со знакот - СРЕЌНО МЕСТО. 

Во Скопје, секој ден во тек на работното време на среќните места: Толлакс на улуца Македонија и МПМ Пресс кон Плоштад Македонија.

Во другите градови по долунаведениот распоред:

вторник 22.04 ,2014 :

-Куманово, пред продажно место Кеопс

-Велес, пред продажно место Лото 77

среда , 23.04.2014:

-Штип, пред продажно место Тутун Пром

-Кочани, пред продажно место Анафил

-Струмица, пред продажно место Ваткос

 

За потсетување:

 

Во ова 5то коло на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Извлекувањето ќе се реализира во живо на 28ми април на Македонска Радио Телевизија, од 20:00 часот. 

Во извлекувањето ќе учествуваат сите коверти испратени за 5то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013та година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7мото коло за извлекување на стан и деловен простор.

За учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15.11. 2013та, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите, или ќе се прати по пошта мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра:

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
БУЛ. "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" БР. 8
1000 СКОПЈЕ 

ЗА НАГРАДНА ИГРА
ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА

 

 

19.04.2014 - 18:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега