Откриена причината за убиството во скопски Сарај
Вчера едно лице било убиено со истрел од ловна пушка во скопското село Сарај околу 20 часот.
Убиството се случило поради претходна расправија во врска со нерасчитени долгови.
37-годишниот З.Џ. со ловна пушка му нанел прострелна рана на 30-годишниот Шефкет Љатифи од село Грчец кој бил веднаш пренесен во болница, но за жал им подлегнал на повредите.
Учесниците се приведени и против нив ќе следува соодветна кривична пријава.