Иако моментално е во среќен брак таа секојдневно добива непристојни предлози
Српската турбофолк ѕвезда Јелена Карлеуша постојано е мета на озборување дали по добро дали по лошо. Таа признава дека добива и многу непристојни понуди.
Еден нејзин обожавател од Албанија и порачал дека сака да и биде слуга, а очигледно бил луд и за нејзините стопала.
- Симпатичен ми е овој фан од Албанија. Многумина ми се обраќаат со истата желба. Што ли гледаат тие во мене ... - напишала Карлеуша под фотографијата која ја објавила на Твитер а на која во преден план се нејзините нозе.
Пејачката веќе 8 години е во брак со фудбалерот Душко Тошиќ со кој ги има ќерките Атина (7) и Ника (5).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа