Влегле во кафеана, се испотепале и испокршиле се - хаос во Пробиштип
Во угостителскиот објект „Злетовски бисер“ во Пробиштип дошло до расправија помеѓу 28-годишниот Д.М.и 29-годишниот З.П. кои биле гости во објектот со Д.А. вработен како угостител.
Според податоците на полицијата, двајцата насилници се нафрлиле врз угостителот удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото .Потоа, почнале да кршат чаши и шишиња, искршиле 3 маси и 6 столови, а оштетиле и две лизгачки врати во објектот, со што предизвикале страв и паника кај останатите посетители.
Двајцата се приведени и против нив ќе следи соодветна кривична пријава за делото кое го направиле.
21.04.2014 - 12:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа