Хорор на Велигден- 16 годишно момче убиено во училишниот двор

16- годишниот М.Ј. е убиен синоќа на улицата Радослав Игнатовиќ во Калуѓерица, во училишниот двор на Основното училиште Алекса Станиќ.

 

Трагедијата се случила во 22 часот а засега не е јасно која е причината за убиството. Според првичните информации,  убиецот пикал со пиштол па постои можност момчето да не бил метата за убиство туку да е погоден по грешка.

Откако бил погоден од куршум тој бил жив иако обилно крварел од устата. Момчето веднаш било пренесено во ургентниот центар во Белград но за жал таму подлегнал на повредата и починал. Докторите пробале да го спасат но залудно.

Мојот син со другарите отиде на прошетка. Во еден момент само ми се јавија дека е убиен. Не можев да поверувам. Не можам ниту да претпоставам зошто некој би го сторил тоа. Беше многу мирно дете вели таткото низ солзи.

Полицијата се уште трага посторителот.

 

22.04.2014 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега