Ги фатиле со марихуана покрај Охридското Езеро - кривична за млади скопјани
Скопјанец си заработи кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. Се работи за 22-годишниот Ф.Д. како и 21-годишниот М.С. од Скопје кои биле фатени со марихуана кај населба Свети Стефан на брегот на Охридското Езеро.
При извршен личен преглед над Ф.Д. е пронајдена метална дробилка за мелење на марихуана. Потоа извршена е проверка во хотелската соба каде биле сместени како туристи при што исто така била пронајдена марихуана. По превземени мерки утврдено е дека М.С. му дал 1.000 денари на Ф.Д. за да набави марихуана, а потоа М.С. им овозможил на две лица да користат дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа