УЈП стави катанец на вратите на диви обложувалници
Управата за јавни приходи доцна синоќа затвори диви обложувалници во селата Ростуше и Велебрдо. Се работи за објекти кои работеле нелиценцирано, од каде даночните инспектори ја запленија целокупната техничка опрема и затекнатиот промет во готово стекнат од нелегалното приредување на игри на среќа.
Покрај заплена на опремата и запечатување на објектите, за лицата-приредувачи изречена е глоба од 2.000 евра, а ќе следат и кривични пријави, стои во соопштението на УЈП.
Секој случај на нелегално приредување на игри на среќа, нерегистрирано вршење на денјост и други неправилности, граѓаните можат да го пријават во УЈП на бесплатната телефонска линија 198.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа