Пијан влегол во полициска станица и направил хаос - драма во Виница

 

Во текот на вчерашниот ден околу 16 часот и 45 минути во Полициската станица во Виница неповикан дошол 39-годишниот Г.Н. и направил вистински хаос.

Според податоците од полицијата, тој во службената канцеларија без повод и причина нападнал полициски службеник фаќајќи го за униформата и влечејќи го кон себе. При извршено алкотестирање утврдено е дека насилникот имал алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

23.04.2014 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега