Ахмети ќе бара двојазичност доколку ВМРО-ДПМНЕ не освои 62 пратеници
Двојазичност, консензуален претседател и повеќе министерски и директорски места – се очекува да бидат барањата на Демократската унија за интеграција, која се очекува да освои поголем број пратенички мандати од ДПА, по 27-ми април во преговорите за формирање на нова владина коалиција, анализира Канал 5
Експерти за телевизијата велат дека во македонскиот блок најголеми се шансите како победник в недела да излезе ВМРО - ДПМНЕ што значи дека токму тие ќе треба да преговараат со ДУИ за формирање влада.
„За доброто на Република Македонија за развојот на нејзината демократија, позитивно е барањето за што поголем број на пратенички мандати и исто така во однос на побарувањата кои што се однесуваат на непринципиелни желби и потреби, рушење на поставените линии, до каде едни барања ќе одат. На тој начин мислам дека Македонија по 27 април ќе биде релаксирана од закани и уцени“ - вели Иванка Додовска, политички аналитичар за Канал 5
Ахмети веќе предупреди дека македонската страна не може да си дозволи друг владин партнер освен нив, ако тие се победници во албанскиот блок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа