Ја удрил со пиштолот по глава и се обидел да ја ограби - фатен крадец од Струга
Струшката полиција поднесе кривична пријава против 25-годишниот стружанец И.Л. кој е осомничен дека извршил две казнени дела, „разбојништво“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Во текот на вчерашниот ден, околу 9 часот и 25 минути, крадецот софантомка и со пиштол во раката влегол во менувачницата „К-Виса“ лоцирана во градскиот пазар во Струга и од вработената ги побарал парите од сефот. Заканувајќи и се со пиштолот по нејзиниот живот, ја удрил по главата, по што од сефот почнал да ги зема парите и да ги става во црна ташна што ја имал со себе. Во моментот, вработената на висок тон повикала помош поради што И.Л. почнал да бега при што е совладан а потоа и приведен во полициска станица.
При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле една рачна бомба М-75 ставена во пластична обвивка.
Пиштолот марка „Црвена застава“ што бил сопственост на неговиот татко со кој го извршил разбојништвото, рамката со пет куршуми заедно со пронајдената бомба се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
За делото кое го направил си заработи 30 дена притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа