Неславен крај на финалето на фудбалскиот Куп на Македонија - жестоките навивачи направија хаос на „Филип Втори“
Вчера вечерта во 20:30 часот, во националната арена „Филип Втори“ во Скопје се одржал финалниот фудбалски натпревар на националниот куп на Македонија помеѓу екипите на „Шкендија“ и „Тетекс“ од Тетово.
Финалниот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Тетекс“ бил прекинат, откако кај двете навивачки групи се разгореле емоциите и почнале да извикуваат пароли со непристојни содржини, да палат и фрлаат бакљи и чадни бомби на теренот.