Крадците направиле парче во Битола

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против 28-годишниот битолчанец Д.О поради тешка кражба.  Пријавениот насилно влегол во аптека и одзел лап топ компјутер и околу 300 денари со што причинил материјална штета од околу 25.000 денари. 

СВР Битола поднесе кривична пријава и против 29-годишниот А.Р и 23-годишниот Е.Ј  од Битола кои со употреба на физичка сила и подесен предмет ги скршиле катанците и две стакла од излог на занаетчиски дукан во Битола при што причиниле материјална штета од 2.000 денари. 

25.04.2014 - 12:07
Фото: 
денешен.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега