Седумгодишно девојче заврши во болница - четири сообраќајки во Тетово
Четири сообраќајни незгоди, во кои меѓу другото се повредени велосипедист и седумгодишно девојче, се случиле во текот на вчерашниот ден во Тетовско.
Седумгодишното девојче, појасни тој, било повредено од засега непознато возило околу 14 часот на паркинг пред зграда во Блок 70. Малолетничката се здобила повреда по што била пренесена во тетовската клиничка болница и по укажаната помош таа била пуштена е на домашно лекување. Непознато е и возилото што вчера околу 11 часот и 30 минути на улица „Кавкаска“ во Тетово налетало и удрило во велосипедистот В.И. кој се здобил со телесни повреди и бил префрлен и задржан на лекување во тетовската клиничка болница, јави МИА.
Во останатите две сообраќајки причинета е материјална штета од околу 25 илјади денари. Првата се случила вчера попладне во 17 часот и 30 минути на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за Камењане, кога патничко возило „голф“, што го управувала гостиварката И.Х (49) удрило и усмртило куче скитник при што била причинета материјална штета од околу 15 илјади денари. Последниот случај бил забележан изминатата ноќ околу 4 часот и 30 минути. Патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од тетовецот Б.Љ(33), кој забележително бил под дејство на алкохол, загубило контрола и удрило во електричен столб поставен на улица „Иво Лола Рибар“ во близина на фудбалскиот стадион во Тетово. Материјалната штета се проценува на близу 10 илјади денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа