Почина професорот Миладин Крстаноски
Доцна синоќа, по кусо боледување во својот дом на 66 години почина проф. д-р Миладин Крстаноски, истакнат професор на ФТУ и доктор по правни науки.
Крстаноски беше добитник на Климентова награда – награда за животно дело во 2008 година. Во неговиот работен век има работено во „Отекс” Охрид, бил секретар во печатница “Коста Абрашевиќ” од Охрид, директор на општ сектор во фабриката, „Борис Кидрич” во Струга, секретар на ГП „Трудбеник” во Охрид, претседател на Судот за прекршоци - Охрид, Општествен правобранител на самоуправувањето–Охрид и директор на Казнено-поправната установа–Затвор Охрид. Во 1995 година е избран за професор на Факултет за туризам и угостителство-Охрид по група на правни предмети на сите насоки каде работеше со звање редовен професор.
Проф. д-р Миладин Крстаноски е автор на 50 книги од областа на правото и повеќе од сто научни и стручни трудови објавени во земјата и странство. Крстаноски досега објавувал и повеќе статии во „Млад борец”, „Студенски збор”, „Нова Македонија”, „Дневник”, „Пулс”, „Фокус” и др.
ПОгребот ќе се одржи утре на Градските гробишта во Охрид во 13 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа