Крвнички се тепале а не знаеле зошто - вистински хаос во автобус на ЈСП

 

Возач на автобусот на ЈСП со број 50, вчера пријавил дека во неговиот авобус настанал инцидент меѓу две групи на средношколци.

Инцидентот започнал во близина на автобуската постојка пред ДАСУЦ „Боро Петрушевски“, кога учениците без никаков повод и причина почнале вербална расправија, која потоа прераснала во тепачка. Возачот на автобусот, застанал на постојката, ги отворил вратите и почнал да ги разделува учесниците во тепачката. Возачот не успеал во обидот, а дел од средношколците кои се симнале почнале да фрлаат камења и тврди предмети кон автобусот и успеале да го скршат стаклото од  предната врата на автобусот. Набргу на местото на настанот пристигнале четири тима на „Алфа“, кои привеле осум малолетници, додека тројца малолетници кои избегале, а учествувале во тепачката, со своите родители дошле во полициската станица „Гази Баба“. Во извршените разговори со учесниците во тепачката, и двете групи изјавиле дека меѓусебно не се познаваат, немаат претходни расправии и недоразбирање и никој не знаел да наведе зошто настанал инцидентот.

Скопската полиција издала единаесет платни налози против 11 малолетници, кои учествувале во тепачката. Од МВР велат дека извршено е фотографирање и на оштетениот автобус, и по утврдување на сторителот ќе следи соодветна пријава.

26.04.2014 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега