ВИДЕО: Како слепите луѓе го гледаат светот- ќе ве трогне

 

Дали некогаш сте се запрашале како луѓето кои се родени слепи или го изгубиле својот вид ја доживуваат убавината?

„Загубата на видот беше благослов. Не се грижам за ничија националност или дали таа личност е висока. Некој е убав ако е искрен кон себе“ – одговори еден маж кој го изгубил својот вид на прашањето што за него претставува убавината.

Во видеото кое е поставено на ЈуТјуб слепи луѓе ги дадоа своите одговори, односно опишаа што за нив е убавината.

Една од анкетираните жени исто така даде одговор кој многумина ги доведе до солзи:

„Имам три деца. За мене тие се преубави иако никогаш не сум ги видела. Знам дека се убави одвнатре“ - рече таа.

27.04.2014 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега