Тројца скопјани зад решетки - еве што направиле

 

Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода 56-годишниот Анастас М.од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од три месеци, за сторено кривично дело “загрозување на безбедноста на сообраќајот”. Истиот е спроведен во Затвор- Скопје.

СВР Скопје го лиши од слобода лицето Мирослав М.(61), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и три месеци, за сторени кривични дела “злосторничко здружување” и  “злоуотреба на службената положба и овластување”. Истиот е спроведен во Затвор- Скопје.

 СВР Скопје го лиши од слобода лицето Насер И.(42), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело “тешка кражба”. Истиот е спроведен во Затвор- Скопје.

27.04.2014 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега