Уште еден “бајач“ се богател лажејќи - кочанчанка остана без пари и без помош
39 годишниот радовишанец Ј.У. кривично ќе одговара за измама откако лажејќи заработил 73.800 денари.
Во текот на април и мај годинава, радовишанецот, претставувајќи се како “бајач“ ја измамил Т.Е.(51) од Кочани дека може да ја излекува нејзината ќерка која е со нарушено психичко здравје. Кочанчанката, сакајќи да му помогне на своето дете наивно му дала 73.800 денари на измамникот.
Ова не е прв случај измамници да ја злоупотребат несреќата на граѓаните и од нив да успеат да изнудат големи суми на пари или накит.