Еве како да направите совршено селфи
Добро ни е познато дека правењето селфи фотографии стана еден од најзаразните трендови во светот но како и дека некои мака мачат како да ја направат онаа совршена селфи фотографија.
Според најновото истражување развиен е алгоритам кој може да предвиди колку фотографијата ќе биде популарна. До него, со помош на повеќе од два милиони собрани слики, дојде судент и истражувач од МИТ Едити Косл.
Тој отвори и веб страница на која секој ќе може да закачи фотографија, а потоа со помош на алоритам ќе ја предвиди нејзината потенцијална популарност. Според истражувачите, за популарноста на селфи важни се три работи - боја, заводливост и тагови, пишува bgr.in.
Како што покажуваат резултатите доколку на фотографијата има посветли бои, се претпоставува дека таа ќе биде попопуларна.
Розовата и жолтата се идеален избор, а во прв план избегнувајте ги сините и зелените тонови.
Истражувањето за фотографиите спроведени пред ова, а во текот на кое се анализирани 1,1 милиони слики објавени на Инстаграм, покажа дека фотографиите кои на себе имаат човечко лице имаат 38 отсто поголема веројатност да им се допаднат на другите, како и 32 проценти поголеми шанси дека ќе добијат коментари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа