Вработен во ЕВН го оштети за 1.499.486 денари

 

Вработен во ЕВН и МЕПСО си заработија кривична за злоупотреба на службената положба. Се работи за 39-годишниот А.Ѓ. вработен во „ЕВН Македонија“ и 42-годишниот Г.С. вработен во „МЕПСО“,кои на улицата „Кире Костадиновски“ ја искористиле службената положба на тој начин што нелегално приклучиле електрични дигитални броила  во три куќи и еден деловен објект, при што предизвикале штета на „ЕВН“ во износ од 1.499.486 денари, кој износ лицата требало да го платат за легален приклучок.

Покрај ова, на патот Битола-Прилеп нелегално поврзале електричен кабел под напон во разноводен ормар од ТС „Таирови Лозја“.

28.04.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега