Богов: Мирен амбиент по изборите најдобар за спроведување на економските политики и раст

Мирен амбиент по изборите е најдобар за спроведување на економските политики и раст, смета гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, кој уверува дека Народната банка ќе ја задржи ценовната стабилност.  

- Не би ги коментирал политичките случувања  по изворите,  сепак, НБРМ е тука да си ја изврши својата цел, а тоа е ценовната стабилност да биде задржана како и стабилноста на банкарскиот систем. Во секој случај мирен амбиент би бил најдобар за спроведување на економските политики. НБРМ е тука во секакви услови да ја одржи стабилноста на нашата економија. И тоа ќе го правиме, изјави Богов одговарајќи на новинарски прашања на Третата меѓународна истражувачка конференција на тема „на патот кон заздравување и одржлив раст во променето глобално окружување“.

Учесниците потенцираа дека структурните реформи се клучни фактори и добрата координација меѓу монетарната и фискалната политика заради одржување на стабилноста во економиите при што нема да има тензии од страна на нарушување на ценовната стабилност, а ќе биде задржана и финансиската стабилност бидејќи, како што рече,  тие се основите кои придонесуваат за еден одржлив подолгорочен раст.

28.04.2014 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега