Познатите кои долго чекале за да ја изгубат својата невиност
За нив невиноста е нешто што се чува за некој посебен - и дури после своите 20-ти ја дале.
Метју Морисон
Метју Морисон кој го засакавме од серијата Glee изгубил невиност на 21 година. На него никогаш не му се допаѓала идеата да го гледа човековото тело како сексуален објект, пренесува Wetpaint.
"Не ми се допаѓа тоа што денес се почесто на луѓето се гледа како на сексуални објекти, но знам дека сум во таков бизнис. Понекогаш мислам дека добив работа во серијата поради мојот изглед, а не поради мојот талент и тоа ми пречи. Така е и со сексуалниот живот. Чекав тоа да се случи со некој посебен", објаснил.
Крис Мартин
Фронтменот на познатиот бенд Coldplay ја изгубил невиноста на 22 години. "Во прашање беа верски работи, а имав и проблем со девојките. Во тој период бев малку срамежлив."
Џесика Симпсон
Како и познтиот пејач, така и актерката невиноста ја изгубила на 22 години. Важно е да се напомене дека чекала до својата прва брачна ноќ. "Од сите работи на кои сум горда сама на себе е и оваа. Чекав до својата прва брачна ноќ да спијам со саканиот", изјавила Џесика.
Адриана Лима
Познатата манекенка исто така ја чекала својата прва брачна ноќ за да го сподели овој интимен момент со својот избраник. Прв пат спиела со сопругот Марко Јариќ на Денот на Вљубените во 2009-та година.
Бијонсе Ноулс
Светски популарната дива прв пат спиела со момче кога имала 21 година. "Имав една љубов кога имав 13 години, една на 17, но едноставно тоа не беше тоа. Од тогаш имам само една љубов - Џеј Зи и по таа логика тој е мојот прв", изјавила Бијонсе. Парот се заедно од 2002-ра година и сега ја имаат прекрасната ќерка Блу Ајви.
Брук Шилдс
Таа својот прв пат го чекала до својата 22-ра година, но сега жали за таа одлука. "Мислам дека поради тоа чекање бев под преголем притисок. Посакувам да го завршев тоа порано и да се ослободам од стресот. Мислам дека подобро ќе се поврзев со самата себе и ќе се ослободев од некои свои комплекси", објаснува Брук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа