Обрадовиќ: Откако ќе се роди бебето Новак ќе игра уште подобро
Богдан Обрадовиќ, селектор на тенсиката репрезенатција во Србија, за српски Блиц изјавува дека приновата во семејството Ѓоковиќ значи многу. Новак од сега се уште подобро ќе игра.
- Да чекате бебе е апсолутно позитивна приказна во животот на секој тенисер. Ние веќе имаме лични искуства и сите се позитивни. Еве на пример Ненад Зимониќ. Откако стана татко пред неколку години, само реди успеси на теренот, вели селекторот.
Тој додава дека му честитал за среќната вест дека тој и Јелена ќе станат родители, но не се знае кога ќе се видат.
- Нормално дека му честитав за радосната вест, ние често се слушаме и секогаш сме во контакт. На идните родители им посакав се најдобро, но незнам кога ќе се видиме, изјавил обрадовиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа