ВИДЕО: Насер Селмани молчи - кој го плаќа ЗНМ?

 

Претседателот на  ЗНМ, Насер Селмани, на завчерашната дебата со Драган Павловиќ Латас, која предизвика внимание во јавноста,  го премолчи изворот на  финансирање на неговото здружение.

Селмани со криењето на изворите на финансирање остави сомнеж дека ЗНМ или се финансира со сомнителни средства од домашни извори или со нетранспарентни пари од странство.

На дебатата на претставниците на двете новинарски здруженија, МАН и ЗНМ, Драган Павлович Латас не доби одговор од Насер Селмани „кој на ЗНМ им ги плаќа дебатите во Охрид, престојот таму и ручеците и вечерите, како и гостувањето на експертите од странство“. Иако Латас инсистираше да добие одговор, Селмани премолче и се обиде да ја смени темата.

-Ние добиваме донатори. Мене никој не ме плаќа. Не си ти тој на кој јас треба да дадам отчет, рече само претседателот на ЗНМ.

ЗНМ е јавна институција и нејзиното финансирање треба да биде транспарентно. 

 

 

најчитано сега