Испила средство за чистење - тинејџерка итно пренесена во болница

Тинејџерка била итно пренесена во болница откако по грешка се напила средство за чистење, мислејќи дека е сок. Се работи за 16-годишната Е.Д. од Ниш која имала неверојатна среќа, бидејќи како што велат чекарите од Клиничкиот центар во Ниш, обично ваквите труења завршуваат фатално.

Таткото на девојчето открива дека средството за чистење било претурено во шише од сок, и дека кога неговата ќерка дошла дома жедна, го дигнала шишето не знаејќи што има внатре и се напила.

За среќа, девојчето поминало со помали оштетувања, и веќе е пуштено на домашно лекување.

29.04.2014 - 09:31
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега