Несреќа: Воз му ја отсече ногата на 47 годишен маж

На главната железничка станица во Белград утрово се случила страотна несреќа кога воз му ја отсекол ногата на маж на 47 годишна возраст.

Несреќата се случила околу 7 часот и 30 минути. Возот го удрил човекот чиј идентитет е непознат и му ја отсекол левата подколеница, при што итно бил пренесен во Ургентниот центар.

Несреќата се случила кога возот кој сообраќа на релација Белград-Ниш, удрил во мажот кој се обидел да биде побрз од возот во движење. Машиновозачот не можел да го забележи човекот, а според увидот, несреќниот маж бил самиот виновен.

 

29.04.2014 - 12:41
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега