"Ја продавам куќата и си одам од државава" - се огласи таткото на убиената манекенка

Дариан Мишиќ, убиецот на манекенката Владислава Червенко, успеа да збуни и тројца вештаци, кои во своите извештаи наведуваат дека не знаат дали бил непресметлив во моментот на убиството.

Ниеден од вештаците не се појавил во судница, па бил прочитан само нивниот извештај за состојбата на убиецот. За ова информира сестрана на убиената манекенка, а нејзиниот татко поради здравствени проблеми, не можел да дојде во судницата.

- Сево ова трагично влијае на мене. Си одам од Србија...ќе ја продадам и куќата. Ова веќе не можат да го трпам, се огласи таткот на манекенката, Едмундо Червенко.

За потсетување, Владислави брутално ја уби нејзиното тогашно момче, Дариан Мишиќ, во нејзиниот стан во 2012 година. Тој и го скршил секое ребро на телото, а според последните информации од судницата, манекенката починала во голема агонија.

 

29.04.2014 - 13:17
Фото: 
КУРИР.РС

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега