Кристина Ковач реши да им помага на младите таленти- еве што ќе направи
Кристина Ковач, позната како дел од тимот на судиите во регионалното шоу „X Фактор“ реши нејзината креативна енергија да ја насочи во друг правец. Таа ќе формира хор под името „HardKorus“.
Таа е премногу задоволна од тоа што успеа да обнови соработка со млади луѓе во текот на популарното музичко шоу „X Фактор“ па поради тоа се одлучи да ги повика на аудиција за учество во нејзиниот хор сите оние кои сметаат дека се музички таленти.
- Секој кој има желба да се занимава со модерен, светски мејнстрим и поп музика, а има талент и гаи љубов спрема пеење, играње и сценски настап може на овој начин да се пријави за аудиција во мојот хор „HardKorus“, вели Кристина.
Таа додава дека хорот го основала со желба да им пружи прилика на младите луѓе со неа музички да напредуваат.
Заинтересираните од 17 до 35 години треба да испратат Јутјуб линкови од нивно пеење на мејл адресата [email protected] со број на телефон, име и презиме, а оние кои ќе поминат во првиот круг ќе бидат повикани на аудиција која ќе се организиа во текот на месец мај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа