Мажите кои возат големи автомобили имаат мал алат

 

“Мажот е како автомобил – додека не легнеш под него, не знаеш што му фали”, вели една поговорка. Некои жени додаваат дека е доволно само да видиш што мажот вози и се да ти биде јасно.

Целта на истражувањето спроведено во Велика Британија било да се утврди дали мажите со големи и брзи автомобили, навистина го надополнуваат недостатокот кој го имаат “меѓу нозете”. Заради тоа сопствениците на скапоцени машини на 4 тркала, запрашани се да се изјаснат за својата машкост. Поточно, требало својот орган да го оценат како просечен, голем или мал.

Околу 30% од нив се изјасниле дека нивната машкост е поголема од просечната, 63% дека имаат просечен  полов орган, додека само 7% од мажите се изјасниле дека “алатот” им е под просекот.

А што кажаа на оваа тема нивните партнерки?

125 од нив се изјасниле дека нивниот партнер има натпросечна големина на полов орган, 46% дека им е просечен, а дури 42% изјавуваат дека креветот го делат со маж, чија машкост е под просечна.

Истражувачите потоа се позабавувале со партнерите кои возат обичен, семеен автомобил. Во таа група само 26% од мажите се изјасниле дека нивната машкост е поголема од просекот, 68% се изјасниле за просечни, а само 6% за помалку од просекот.

Што се однесува до партнерките 23% рекле дека нивната машкост е поголема од просекот, 54% се изјасниле за просек, а 23% се изјасниле дека нивните мажи имаат подпросечен полов орган.

Кој тука лаже?

Многумина се љубоморни на оние кои можат да си дозволат луксузен автомобил од неколку десетици или стотици илјади евра, така што не чудат гласините за поврзаноста на големината на автомобилот, со големината на машкоста. Меѓутоа, ова истражување покажало дека некои мажи лажат без оглед на тоа кои автомобили ги возат.

Извор: Тhe Men

29.04.2014 - 15:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега