Се одбележа денот на МВР

Во Министерството за надворешни работи денеска традиционално се одбележа 29 април, денот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

По овој повод, заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров, се обрати пред вработените од министерството осврнувајќи се на историјатот и значењето на оваа институција во презентирањето на ставовите и интересите на Република Македонија во светот. 

Тој презентираше дел од активностите реализирани во изминатата година кои се доказ за континуираното генерирање на одржливи и стабилни институционални релации на билатерален и мултилатерален план. Ги спомна новите иницијативи и заложби на македонската дипломатија, за активно учество на светската геополитичка сцена, напорите за ефективна економска дипломатија, создавање на паметни политики и решенија за образовање на помладиот кадар во министерството и други иницијативи.  Заменик-министерот Петров ги посочи и актуелните предизвици со кои се соочува Република Македонија.

Во рамки на свеченоста, заменик министерот Петров им врачи благодарници на вработените кои заминаа во пензија минатата година, а беше доделено и традиционалното признание за најуспешен „Млад дипломат на годината“.

29.04.2014 - 17:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега