Газдата на „Алстом“ ќе биде познат по еден месец

 

Иако изгледаше дека продажбата на гордоста на француската индустрија „Алстом“ на американската команија „Џенерал Електрик“ (ГЕ) е неминовна, најновиот развој на настаните укажува дека тоа нема да се случи толку брзо како што се најавуваше, јави дописникот на МИА од Париз.

Имено, понудата на германската компанија „Сименс“, која веќе подолго време пројавува интерсира за „Алстом“, заедно со интервенцијата на француската држава во најавената продажба, го наведе Управниот одбор на „Алстом“ да размисли и да си остави време од еден месец за носење на конечната одлука, објави интернет изданието на париски „Монд“.

На вечерашната седница Управнопт одбор на фирмата се очекува да даде одобрение за продолжување на преговорите меѓу „Алстом“ и ГЕ, но не се затвора вратата ни за влез на „Сименс“, односно нема да биде донесена одлука за ексклузивни преговори.

Вчера француксиот претседател Франсоа Оланд имаше средби со генералните директори на ГЕ, Џефри Имелт и на „Сименс“ Јозеф Кајзер, при што им ги повтори црвените линии кои не треба да ги преминат: задржување на фабриките во Франција и одредено учество во одлучувањето.

- Јас имам само еден критериум. Оној кој е најповолен за создавање на активности и работни места во Франција, изајви Франсоа Оланд.

Шефот на француската држава посебно инсистираше на „енергетската независност“  на Франција, која двата претенденти за купување на „Алстом“ треба да ја гарантираат. Имено, „Алстом“ ќе треба да ги снабди со турбини новите француски нуклеарни реактори од новата генерација. 

29.04.2014 - 17:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега