ФОТО: Белграѓани „се дават“ во поплави

Големото невреме кое ја зафати престолнината во Србија, предизвика вистински хаос на улиците, па така сообраќајот е во колапс на Автокоманда, трамвајскиот сообраќај е во застој кај споменик на Вуков, а огромна гранка паднала на тротоарот. 

Трамвајскиот сообраќај на Автокоманда во Белград е во прекин поради големите количини на вода а место нив сообраќа автобусот 9а велат од Градскиот сообраќајно претпријатие. 

Трамвајските линии 9, 10 и 14 се скратени кај Славија, а сообраќајот на Автокоманда се одвива успорено, поради дождовите кои паѓале речиси 15 часа. 

Се очекува екипата на ЈКП „Белградски водовод и канализација“ во краток рок да излезат на терен и да ја испумпаат водата, по што треба да се нормализира сообраќајот, истакнаа од Дисперчерскиот центар GPS. 

 Поради истекувањето на дел од водата на патиштата, се создадоа гужви речиси на сите значајни сообраќајници во градот па Белграѓани мораат да биде внимателни кога се зад воланот. 

 

Кај споменикот на Вуков поради удар од гром се скршило едно стебло, а настрадало и дрвото како и семафорот кој бил во близина. 

 

Громот удрил во стеблото и го скршил на пола. Стеблото паднало на семафорот и го скршил истиот. Тоа се случило на влезот на подземната железница кај споменикот на Вуков“, велат од јавното претпријатие Градско зеленило.

 

29.04.2014 - 18:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега