ВИДЕО: Досега необјавена снимка на која Тито зборува на англиски јазик

Јосип Броз Тито во својот доживотен мандат на чело на некогашната СФРЈ се сретнал со голем број на светски државници. Сликата која речиси секогаш го пратела за ваквите средби била дека тој бил насмеан маршал кој разговара со своите странски пријатели. Но, многумина се прашувале на кој јазик тие зборуваат. Добро некогаш се забележува преведувач до нив, но во голем број ситуации, Тито разговара со странците сам. Вакви средби во четири очи имал со Елизабет Тејлор и Винстон Черчил. 

Многумина го анализирале и србскохрватскиот јазик на Тито, а во него забележувале и примеси од рускиот. Оттука излегуваат големиот број на теории во кој Тито се прикажува како руски човек инфилтриран во СФРЈ. Тоа е веќе стара приказна. Но, неодамна објавената снимка која заврши на интернет покажува како маршалот говори англиски јазик. 

Ако внимателно се слушне снимката, која ја прикажува посетата на Тито на Велика Британија во 1953 година, маршалот говори англиски исто како и србскохрватскиот со примеси на рускиот. Наместо „пипл“ (луѓе) тој вели „пипљ“

Погледнете и слушнете ја и сами снимката и процените како некогашниот претседател на СФРЈ зборува англиски. Сепак за многумина останува енигма каде и кога успеал да го научи?

 

 

29.04.2014 - 19:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега