Ѓоковиќ: Едвај чекам да менувам пелени

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ  во едно интервју за италјански медиум не го криел воодушевувањето што тој наскоро ќе стане татко.

- „Едвај чекам и јас да поминам низ тие работи. Нема да ми пречи и дури кога ќе останувам буден во текот на цела ноќ. На тоа гледам од позитивната страна, ќе бидам малку уморен, но сепак тоа ќе ми дава нова енергија“ изјавил Новак 

Исто така додал дека со раѓањето на неговотот дете ќе почне ново поглавје во жиовотот.

- Мојата Јелена ми ја даде вистинската смисла на животот – бебето е извор на радост. Со детето ќе започнеме ново поглавје во нашиот живот. Многу сум среќен и едвај чекам да менувам пелени. Многумина велат дека сето ова ќе го разбереме дури кога бебето ќе почне да мрда во стомакот. Можеби ќе проба да удри бекхенд, ќе видиме“ додал Новак.

30.04.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега