Кумановчани денеска без вода

Од Јавното претпријатие „Водовод“ информираат дека денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на територијата на Куманово во периодот од 10 до 16 часот.

Директорот на претпријатието, Горан Стојковски информира дека добиле известување од „Кумановско-Липковско поле“ дека поради редовно сервисирање и оддржување на затворачот на цевководот од браната до филтер станицата,ќе нема испорака на вода кон филтер станицата.

Во последното деноноќие во Кумановско наврнаа 27 литри дожд на метар квадратен, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи. Од таму соопштуваат дека зголемено е нивото на реката Кумановка од 49 на 83 сантиметри. Реките Липковка и Оризарска река се излеале од коритата и поплавиле земјоделски површини насеани со житни култури за околу 100,односно, 70-тина хекатари. На локалниот пат Страцин –Куманово има мал одрон кој го расчистуваат екипите на ЈП „Македонија Пат“.

30.04.2014 - 09:50
Фото: 
Црнобело

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега