Нова надеж: Мајката на малата Нора која го зави Балканот во црно е бремена!

Мајката на малата Нора за која целиот Балкан се крена на нозе, е бремена по големата трагедија која на неа и нејзиниот сопруг им го скрши срцето.

35-годишната Дана влегла во четвртиот месец од бременоста, а како што вели, за неколку денови ќе го знае и полот на детенцето, кое претставува нова светла точка во нивниот живот.

- Пресреќна сум. Ова е нов живот за нас. Откако ја зигубивме нашата Нора, ова е единствена светла точка во нашиот живот, вели таа, пренесе 24сата.хр.

За потсетување, мачата Нора за која Балканот се крена на нозе беше успешно оперирана и иако почна да се опоравува, ненадејно состојбата и се влоши и го загуби животот. Смртта на малото ангелче го зави целиот регион во црно. Нејзинот осемејство кое се соочи со трагедијата помина низ болен и тежок период, а сега конечно им се насмеа среќата со ново бебенце кое преставува нова надеж за нив.

30.04.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега