Заев пред ЦО на СДСМ: Моравме да одиме на избори за да докажеме дека сме подобри од ГРОМ
Моравме да излезеmе на изборите за да докажеме дека сме подобри од ГРОМ и Алијансата за подобра Македонија на Бучковски и на Зиков. Успеавме во тоа и мислам дека треба да го почитувате тој успех. Ова лидерот на СДСМ го соопштил пред Централниот одбор на партијата кој се уште е во тек на Бихаќка. Како што дознава Press24 од партиски извори, Заев на членовите на ЦО им се оправдувал дека прифатил да учествува на изборите за да докажел дека ГРуевски победува во игра која не е фер. Сопартијците му замериле дека овие оправдувања не се издржани бидејќи донеделата сите ги убедувал дека има сериозна поддршка и големи шанси да стане нов премиер а Пендаровски веќе го претсавувал како нов претседател на Македонија. Сопартијците побарале во таква ситуација да поднесе оставка на градоначалничката функција во Струмица бидејќи ги организирала истата владејчка структура и бидејќи и тие не бил фер. Заев го одбил овој предлог.
СДСМ на Цетнралниот одбор треба да ја потврди одлуката на ИЗвршниот одбор на партијата и да не ги прифати мандатите кои граѓаните им ги доделија на последните избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа