Која е идеалната температура за ладење на пиво?
Температурите на кои се сервираат пивата не важат за сите пива еднакво. Иако воглавно мислиме дека е доволно пивото да го чуваме во фрижидер еден час, сепак постојат некои “финти” кои како мажи должност ни е да ги знаеме.
Секако, вкусот на многу евтини пива не се менува доколку се послужат и преладени, меѓутоа доколку се одлучите за нешто поквалитетно, не треба да тргнете за ледено ладна опција.
Доколку пивото се послужи ледено ладно тоа може значително да влијае на неговиот вкус и на самото уживање во него. Од друга страна, ладното пиво полесно се пие и повеќе освежуува, но така го губите неговиот вкус. Колку пивото е поладно толку повеќе се оштетува вкусот бидејќи се губи горчината, а се зголемува слаткоста.
Препорачливи температури за одредени видови на пива:
4-7 степени се идеални за премиум пива, овошни и светли пива.
7-12 степени се иделани за американски пива, црвени, пелгиски и ирски ејл пива.
12-14 степени се идеални за горки пива, темни и шкотски ејл пива.
Меѓутоа, горчината и вкусот преставуваат основните одлики на секое пиво. Кога пиете ледено ладно пиво самите си скратувате многу од вкусот. Видовите на пива ја одредуваат и температурата на која би требало да биде послужено. Генерално, темните пива треба да се служат топли, додека светлите разладени.
Главна причина за тоа што повеќето произведувачи на пиво инсистриаат на ледено пиво е фактот што консументот нема да го почувствува лошиот вкус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа