Пешевски: Ќе продолжиме да отвараме нови капацитети со кои се создаваат работни места
Вицепремиерите за економски прашања и за евроинтеграции Владимир Пешевски и Фатмир Бесими, присуствуваа во Тетово на отворањето на најголемиот трговски центар во западниот дел на земјата - Палма Мол.
- Ние во Владата постојано се трудиме за промовирање на домшаните во однос на странските инвестиции, иако во јавноста како да нема впечаток за тоа, затоа што сите проекти и закони кои се носат во економската сфера како намалување на даноците, на комуналиите, на цената на градежното земјиште и давање на градежно земјиште на општините за стопанисување имаат таква цел - унапредување на економијата. Ќе продолжиме со овие активности за да овозможиме отворање на вакви капацитети низ целата држава, бидејќи тоа се местата на кои се создаваат нови работна места и се развива економијата, рече Пешевски.
Според вицепремиерот Бесими, ова е голем успех за семејството Џеладини, кое го започнало својот бизнис од мала продавница во центарот на Тетово за вечерва да отворат трговски центар изграден според европски стандарди.
Молот е со површина од 32.000 метри квадратни и се протега на четири ката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа