Би се убила доколку не успеам на Евровизија- се отвори Марија Шерифовиќ
Таа важи за една од најпознатите пејачки во Србија. Марија Шерифовиќ деновиве се подготвува за претстојниот солистички концерт кој ќе го одржи на 11 овој месец. Како што таа вели првомајските празници ги поминала дома со најблиските.
"По природа сум хедонист и не ми е потребен празник за да се опуштам и да уживам. Секој ден ми е одмор ако немам нешто паметно да правам. Е, сега поради претстојниот концерт, немам многу време за одмор, бидејќи напорно се подготвувам, па така и празникот го поминав дома во друштво на пријателите. За жал, не можев да отпатувам некаде, но веднаш после концертот ќе надоместам", вели пејачката.
Марија со песната "Молитва" успеа да извојува победа на Евровизија, вели дека никогаш повеќе не би запеала на ова музичко натпреварување.
"Би се убила доколку не успеам на Евровизија. Бев прва, и да се вратам назад со освоено петто или шесто место, за мене тоа ќе биде пропаст. Затоа никогаш не би настапила повторно", изјавила Шерифовиќ и додала дека верува оти годинава нашата претставничка Тијана Дапчевиќ ќе има добар пласман.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа