Крвав викенд во Скопје: Пешак загина во страотна сообраќајка

 

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје се случиле 21 сообраќајни незгоди.

Во петпкот се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета, шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, тројца пешаци и еден мотоциклист.

Се случила и една незгода со загинато лице. Сообраќајката се случила во 16 часот и 50 минути на ул. „Ѓорче Петров“ пред зградата бр. 16, во која учествувало товарно моторно возило со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, исто така граѓанин на Скопје. Тој со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде што следниот ден, на 3 мај по полноќ им подлегнал на повредите.

Во саботата сообраќајната полиција изврши увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и една е со последица телесни повреди, во која со полесни повреди се здобил еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Истата се случила во 15 часот на крстосницата од ул. „Митре Влаот“ и ул. „Илија Димовски“ во која учествувале мопед со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Како последица од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Вчера се случиле шест сообраќани незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле еден велосипедист и еден сопатник на велосипедот.

Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се осум возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 18 возачи не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, 44 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на сообраќајната или без возачка дозвола и 18 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива. 

05.05.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега